ajkula

26.07.2023 Скопје

Ајкула нападна маж во Западна Австралија во саботата.

Откако бил каснат, 77-годишниот Ричард Стабс го удрил животното и избегал кон брегот оддалечен 50 метри.

Не сфатил веднаш дека го нападнала ајкула, но се исплашил бидејќи почувствувал дека некое животно го удрило.

Му помогнаа колегите од локалниот пливачки клуб.

„Навистина не знаев што да правам. Беше ненадејно“, рекол Стабс, кој бил пренесен во болница поради повреда на десната нога.

Во Западна Австралија неодамна се забележани неколку напади на ајкули.

На почетокот на неделата, сурфер успеал да исплива 600 метри до брегот и на тој начин да си го спаси животот откако бил каснат за ногата. Очевидци изјавија дека изгубил многу крв.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author