svinjaaaa

18.07.2023 Скопје

Африканската свинска чума во Хрватска е потврдена во 97 фарми во 11 општини, а најзастапена е во три месни заедници во Вуковарско-сремската жупанија, беше истакнато на состанокот на кризниот штаб за контрола и сузбивање на оваа болест.

Министерката за земјоделство Марија Вучковиќ изјави дека откако се појави првиот случај на оваа болест во Хрватска, сите мерки се спроведени „навремено и активно“.

Членовите на персоналот ги поддржаа мерките што се спроведуваат во забранетите зони, а беа договорени и нови мерки поврзани со заштита, контролни инспекции, евтаназија и грижа за животните.

„Со цел да бидеме уште поефикасни во согласност со епидемиолошката состојба на терен, континуирано ја дополнуваме Наредбата за контролни мерки за сузбивање на африканската свинска чума како и Одлуката за определување зони за ограничување и заразени подрачја поради појава на од африканска свинска чума“, рече Вучковиќ и најави дека Владата ќе обезбеди обесштетување.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author