https://www.flickr.com/photos/80038275@N00/29741491182/in/photolist-Mj9V9J-Mj9Udq-QDg19E-W2qwhY-Rjaeqo-2g2VLXS-Rgfcri-CTAWey-2ggvjdQ-2k3FQxw-REMvuM-N6vomm-QQ7gpJ-N6vouC-QQ7gyS-2ggv7Q2-RkZzjS-2kaFmZR-QtdsTC-2biTaDo-2cYLTpi-R8swU7-2ksGY9V-2d8g2vD-2cSN5A1-2ksM4s6-2ew2ByX-XFNqQW-2auWoSw-Mj9TcY-2cgGJvy-2cafboA-2aaDzD3-2bZ4Kor-2dqMN56-R8LPAC-2bnhqLg-2ePzzBz-NQvjVD-2ew2BJr-2eJXAGC-PvmxBz-2a6WT1D-2ePzvki-2ePzv2H-2cSN5Y5-2ePzvai-RaW8Mh-2cSN65h-24Cog6M

28.07.2023 Скопје

Персоналот на Џек Смит, специјалниот советник назначен од Министерството за правда да ја координира истрагата за Доналд Трамп, им порача на Тод Бланш и Џон Лауро, адвокати на поранешниот претседател, „да очекуваат обвинение“.

Специјалниот советник Смит ја соопшти оваа одлука, откако адвокатите на Трамп се сретнаа со неговиот персонал во седиштето на федералната голема порота која ја координира истрагата во Вашингтон.

Неодамна, самиот Трамп објави дека добил писмо од Смит, кој го информирал за неговата вмешаност во истрагата за нападот врз Конгресот на 6 јануари 2021 година и обидот да се блокира потврдата за победата на Џо Бајден на претседателските избори во 2020 година.

Подготвено од М.Н.

About Author