telefoni

18.07.2023 Скопје

Новото истражување на Евростат покажува дека во ЕУ, во 2022 година, 96 отсто од младите на возраст меѓу 16 и 29 години секојдневно користеле Интернет.

Кај возрасната популација овој процент е нешто помал и изнесува 84 отсто, така што просечната разлика меѓу младата и возрасната популација изнесува 12 отсто.

Процентот на млади кои секојдневно користат интернет е најмал во Италија и Бугарија – 94 проценти, а највисок во Ирска – 100 проценти, додека бројката од 99 проценти е забележана во седум земји на ЕУ – во Малта, Луксембург, Португалија, Чешка, Литванија, Словенија и Латвија.

Најголема разлика меѓу младите и возрасните корисници кои секојдневно користат интернет е забележана во Хрватска и Грција – по 21 отсто, во Португалија и Бугарија – по 19 отсто, Полска и Романија – по 18 отсто.

Оваа разлика е помала од седум проценти во Холандија, Шведска, Данска, Финска, Ирска, Белгија и Луксембург.

Во 2022 година, младите користеле Интернет за користење на социјалните мрежи – 84 проценти, читале вести онлајн – 68 проценти, користеле услуги за интернет банкарство – 64 проценти.

Процентот на млади луѓе кои користеле Интернет минатата година за да стекнат дополнителни знаења за онлајн курсевите е 28 проценти, што е помалку од 35 проценти во 2021 година, но сепак значително повисок од 2019 година, пред пандемијата, кога овој процент беше 13. проценти.

Според Евростат, во 2022 година, само 23 отсто од младите користеле Интернет за да учествуваат во граѓанскиот и политичкиот живот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author