24.07.2023 Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје продолжи со засилените контролите во областа на сообраќајот.
Изречени се вкупно 169 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 82 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, и 25 санкции за возење под дејство на алкохол, стои во соопштението на МВР.
Исто така во соопштението од Министерството стои дека се изречени шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), и шест санкции за возач почетник.
Сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови. Од Министерството упатија апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
Подготвено од М.Н.