14.06.2023 Скопје
Во однос на здравјето и исхраната, урмите се сметаат за најздравото овошје на планетата.
Ова овошје се смета за вистинска ризница на витамини, одлични се како за возрасни, така и за деца, а експертите ги препорачуваат поради нивното влијание врз здравјето. Освен значително количество влакна, тие содржат и некои важни витамини и минерали.
Храната богата со влакна често се препорачува за добро здравје на цревата, а исто така е совршен избор за време на постот. Влакната може да бидат корисни и за контрола на шеќерот во крвта.
Урмите се богати и со антиоксиданси, кои се важни во борбата против болестите. Во споредба со слични овошја, како што се смокви и сливи, урмите содржат најголема количина на антиоксиданси.
Друга причина за консумирање на ова здраво овошје е неговата способност да го подобри здравјето на нашиот мозок и функциите на мозокот.
Лабораториските студии покажаа дека урмите се корисни за намалување на воспалителните маркери кои предизвикуваат Алцхајмерова болест. Потенцијалните својства на урмите за зајакнување на мозокот се припишуваат на нивната содржина на антиоксиданс, за која е познато дека го намалува воспалението.
Урмите се одличен природен засладувач и одлична здрава алтернатива на шеќерот. Тие се извор на фруктоза, еден вид природен шеќер кој се наоѓа во овошјето. Важно е да се напомене дека иако урмите имаат многу растителни влакна и хранливи материи, тие сепак се доста калорични и најдобро се консумираат умерено.
Исто така, важно е да се спомене влијанието на ова овошје врз здравјето на коските, поради неговата содржина богата со минерали, вклучувајќи фосфор, калиум, калциум и магнезиум, кои спречуваат болести како што е остеопорозата.
Бројни студии известуваат за ефектот на ова овошје на намалување на нивото на холестерол во крвта, подобрување на изгледот и затегнатоста на кожата благодарение на витамините Ц и Д и помагање за слабеење.
Урмите често се комбинираат со друга храна, како што се бадеми и путер од јаткасти плодови. Ова овошје е многу лепливо, што го прави корисно како врзивно средство за секакви јадења, особено оние за кои не е потребно печење.
Како се јадат урмите и која е препорачаната дневна доза?
Урмите може да се јадат свежи или суви, се зависи од тоа што преферирате. Во арапските земји се јадат како дел од главните јадења, но доколку се уште не сте подготвени за такво нешто, можете да грицкате неколку урми во текот на денот.
Она што е важно да се напомене е дека не треба да земате големи количини урми, поради нивните калории, но ќе биде сосема во ред и сосема доволно да земате 3 до 4 урми дневно. Ќе уживате и ќе знаете, а вашето тело ќе почувствува дека не сте претерале. Во продолжение секако ви претставуваме еден многу интересен рецепт кој ќе ве воодушеви и ќе ви помогне да се заљубите во урмите, доколку досега не сте ги сакале.
Подготвено од А.Ѓ.