21.06.2023 Скопје
В.д. директорот Зоран Поповски даде кратка потврда околу тоа дека ЗОО Скопје не е повеќе кандидат за членка на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми ЕАЗА, бидејќи неофицијално, во последниве две години градината нема испочитувано договори, како и поради неспроведување на проекти.
ЗОО Скопје, која го имаше кандидатскиот статус од 2007 година, во наредните осум години нема да може да аплицира за членство на ЕАЗА. Тоа значи дека скопската градина ќе може да соработува единствено со зоолошките од Србија и Русија и само со нив ќе може да разменува или да набавува нови животни, а нема да смее тоа да го прави со ниту една друга светска зоолошка градина, ниту пак со кандидати за членови на ЕАЗА.
Портпаролката на зоолошката, Тина Мицковска, истакна дека во моментот во зоолошката градина е во тек истрага, и дури по завршувањето на истата ќе може да ги соопшти деталите за последните случувања.
„Како кандидат членка за во ЕАЗА (Европската асоцијација на зоолошки и аквариуми), треба да исполниме многу високи критериуми, а од нашите ментори од ЕАЗА добивме насоки за зголемување на цената на влезницата. Влезницата за ЗОО Скопје е само 80 денари, а со тоа сме можеби и Зоолошка градина со најевтин билет за посета“, изјави Поповски пред еден месец.
Подготвено од А.Ѓ.