gradezen genocid lisice

12.06.2023 Скопје

Жителите на скопската населба Лисиче во среда ќе протестираат против новиот Детален урбанистички план (ДУП) за нивната населба, кој го подготвува Општина Аеродром.

Според новиот Детален урбанистички план во населбата Лисиче се предвидуваат маркички за девет згради. Три се осумкатници со приземје, 6 ката и поткровје, а зградата на ќошот меѓу булевар Србија и улицата 12. Македонска бригада е 12-катници со приземје, 10 ката и поткровје. Пет згради се предвидени и долж улицата 12. Македонска бригада, со што на сопствениците на куќите на овој потег им се дозволува да можат да градат згради од приземје, 4 ката и поткровје.

Овод дел од населбата Лисиче сега е само со куќи и, како што велат жителите, со новиот ДУП ќе се наруши мирниот маалски живот и Лисиче ќе стане како и останатиот дел од Скопје, затрупан со згради на секој чекор.

Дополнителен проблем е тоа што новите згради кои се предвидуваат да се градат се нацртани врз главната гасоводна цевка, со која се поврзуваат и снабдуваат со гас погоните во поранешната фабрика Железара и фабриката УСЈЕ.

На овој потег, како што велат од Акционерско друштво за вршење на енергетска дејност за пренос на природен гас во државна сопственост НОМАГАС, не смее да се градат згради, односно ако тоа се прави, тогаш цевката треба да биде дислоцирана.

Протестот ќе се одржи во среда на булевар Србија кај крстот, со почеток во 17.30 часот, а граѓаните од тој дел на градот повикуваат на масовно излагање за да го спречат градежниот геноцид кој му се случува на цело Скопје.

Подготвено од М.Н.

About Author