vimbldon 123

14.06.2023 Скопје

Вкупната вредност на наградите на овогодинешниот тениски турнир Вимблдон е зголемена на рекордни 44,7 милиони фунти (52,3 милиони евра), што е за 11,2 отсто повеќе од лани, објавија од Ол Ингланд Лон Тенис и Крикет клуб.

Наградите ќе бидат зголемени и за победниците и за финалистите во поединечна категорија, а фондот ќе биде 2,35 милиони фунти (2,74 милиони евра) во машка конкуренција и 1,17 милиони фунти (1,37 милиони евра) во женска конкуренција.

Паричната награда за победниците беше намалена на 1,7 милиони фунти (1,98 милиони евра) во 2021 година, пред да биде зголемена на два милиони фунти (2,34 милиони евра) минатата година.

За 14,5 отсто е зголемена и наградата за пласман на турнирот во однос на лани.

Грен слем турнирот „Вимблдон“ ќе се одржи од 3 до 16 јули.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author