30.06.2023 Скопје
Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар соопшти дека рано утринава е регистриран земјотрес со јачина од 4 степени во Јадранско Море, а епицентарот бил на 2 километри јужно од Дубровник.
Како што е наведено на веб-страницата на ЕМСЦ, епицентарот бил на длабочина од 4 километри и 84 километри југоисточно од Мостар во Босна и Херцеговина.
Медиумите јавуваат дека засега нема информации за материјална штета.
Сеизмолошката служба на Хрватска соопшти дека утринава во 5 часот и 54 минути е регистриран прилично силен земјотрес со епицентар во Босна и Херцеговина, на 10 километри од Дубровник.
Во соопштението на Сеизмолошката служба на Хрватска се наведува дека магнитудата на земјотресот била 4,0 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот е проценет на V степен од ЕМС скалата.
Подготвено од А.Ѓ.