zelenski bara oruzje od juzna koreja

29.06.2023 Скопје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пред Врховната Рада поднесе предлог-закон за прославата на Божиќ во Украина да биде на 25 декември, а не на 7 јануари, како што беше досега, за таа земја да се откаже од своето руско наследство.

„Предлог-законот подразбира измена на членот 73 од украинскиот Закон за работни односи, со кој се утврдува прославата на Божиќ на 25 декември, Националниот ден на Украина на 15 јули и Денот на ветераните на 1 октомври“, се наведува во појаснувањето на предлог-законот.

Во документот се наведува дека целта на предложениот закон е „да се напушти руското наследство кое го наметнува празнувањето на Божиќ на 7 јануари“.

Денот на националноста на Украина во моментов се слави на 28 јули, а Денот на ветераните се слави на 14 октомври.

Украина и другите поранешни советски републики го слават Божиќ на 7 јануари, според јулијанскиот календар. На 24 мај, неканонската православна црква на Украина го одобри преминот кон „новата верзија на јулијанскиот календар“ од 1 септември и прославувањето на Божиќ на 25 декември.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author