zelenski sredba zuppa

06.06.2023 Скопје

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска имаше средба со кардиналот Матео Марија Зупи, кој е претседател на Италијанската бискупска конференција.

Зеленски истакна дека разговарале за ситуацијата во Украина и хуманитарната соработка во рамките на украинската мировна формула. „Само заеднички напори, дипломатска изолација и притисок врз Русија можат да влијаат на агресорот и да донесат праведен мир во земјата на Украина“, изјави украинскиот претседател Зеленски.

Претседателот на украинската држава со огромна желба ја покани и Светата столица да придонесе за спроведување на украинскиот мировен план.

„Украина ја поздравува подготвеноста на другите држави и партнери да најдат начини за постигнување мир, но бидејќи војната е на наша територија, алгоритмот за постигнување мир може да биде само украински“, истакна Зеленски.

Подготвено од М.Н.

About Author