19.06.2023 Скопје
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека во текот на вчерашниот ден (18.06.2023) по спроведена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 700 возачи.
Од вкупно санкционираните возачи, 82 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 10 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволенота брзина, стои во соопштението од МВР.
Од Министерството истакнаа дека 331 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 369 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови, од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Подготвено од М.Н.