10.06.2023 Скопје
Во претходниот месец, односно месец мај, на едно четиричлено семејство во Република Северна Македонија му биле потребни 49.025 денари односно 797 евра за да ги покрие основните и минималните трошоци, соопштија од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), кои ја изработуваат синдикалната потрошувачка кошничка.
Од ССМ велат дека минатиот месец најмногу пари од потрошувачката кочничка оделе за храна и пијалоци во вредност од 19.532 денари, додека трошоците за домување изнесувале 13.392 денари.
Од останатите трошоци, кои се дел од синдикалната кошничка, потребни биле 3.720 денари за превоз, 3.196 денари за хигиена, а за одржување на здравјето се трошеле 821 денар.
Од ССМ нагласуваат дека просечната исплатена нето плата по вработен во месец март годинава изнесува 34.925 денари.
Подготвено од М.Н.