https://www.flickr.com/photos/107419833@N07/15630227516/in/photolist-2mLBU6w-pPc16j-2i1L1YP-2j96C7B-2j3dkKZ-C7L8oE-2kVwZu1-2neBaDH-2n2mKKp-QwEDWD-2iWJkZZ-nPxtbe-22odYd5-KByECr-2hHdpgq-2mw5Hhe-2kd4of8-F1J7Gd-yRZo4K-2kMSCo7-9j3Dke-2ksYy4S-2nkfyWk-oFoCVp-2mXTeGU-2m3AZFv-JPLk3C-2hvb7Zc-2kuSzmc-2iF2qC9-2ktq7FX-o6BLmv-2jhZMVb-X1qgfb-2mWsjRq-2kRPkW7-PpsWrJ-Vw7Dbh-jffssX-2jESR9r-EeHy16-2jfrKoK-2nLeWCn-2iDvuub-2jhYwgw-2jtUyH2-DWS2Us-oNBrXt-WKEcqo-Ujbxyv

08.06.2023 Скопје

Бројни светски агенции со месеци пишуваат за новата рута по која кубанските имигранти се обидуваат да стигнат до ЕУ и подобар живот.

Се разбира, станува збор за илегални премини, но многу од нив остануваат на самата граница на ЕУ, чекајќи поволен сигнал. И додека претходно многумина одеа преку Шпанија, новата рута ја вклучува Босна и Херцеговина.

Имено, за Кубанците сега БиХ е последната надеж за влез во ЕУ, бидејќи граничи со Хрватска. Најголем дел од Кубанците во БиХ доаѓаат од Србија, за што на Кубанците не им е потребна виза. Сепак, токму поради оваа масовна појава најверојатно ќе дојде до промена на визниот режим.

Повеќето од нив ја напуштаат Куба како брачни парови, а потоа заминуваат во земји кои се блиску до Шенген зоната, како Србија и Црна Гора. Понекогаш во овие земји остануваат со месеци, но многу често се сместени во имиграциски центри.

„Немавме друг избор освен да ја напуштиме Куба. Едноставно не можевме да живееме со заработеното, немавме ниту основни потреби“, вели Коби, кој моментално се наоѓа во мигрантски центар во Босна и Херцеговина.

Според Кубанците кои живеат во овој центар, тие во Босна и Херцеговина доаѓаат со такси или ја минуваат Дрина со брод. Некои од нив дури одат и преку Русија, Белорусија, од каде патуваат за Србија и БиХ. Велат дека патувањето е неверојатно исцрпувачки и може да трае со месеци, додека ЕУ можат да ја видат само преку граница.

Само од почетокот на оваа година низ БиХ поминале 700 Кубанци, од кои 300 жени, а 90 деца. На пример, во центарот на Липа, каде што има претежно мажи, во моментов има околу 100 Кубанци.

Кога Кубанците влегуваат во БиХ, тие обично бараат азил, а потоа имаат околу еден месец да се обидат да преминат во Хрватска. Вистината е дека тие не сакаат да останат во БиХ, бидејќи едноставно не ја гледаат целта. Сепак, дури и оние кои стигнуваат до Хрватска брзо се депортирани и немаат друг избор освен да бараат друг пат, чекајќи нова шанса.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author