https://www.instagram.com/p/CtKDtq8MJ5E/

07.06.2023 Скопје

Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој во Белград се сретна со специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, изјави дека сака да верува дека делот од меѓународната заедница која има најголемо влијание врз Приштина, има и механизми кои можат да доведат до конечно реализирање на обврските што Приштина ги прифати и потпиша пред повеќе од една деценија.

„Реков дека е време Приштина конечно да ги исполни своите обврски, а пред се формирање на Заедницата на српските општини во согласност со Бриселскиот договор“, напиша Вучиќ во објавата на Инстаграм.

Тој потсети дека Србија од првиот ден беше конструктивен, доследен и доверлив партнер во сите процеси кои ќе доведат до зачувување на стабилноста на целиот регион.

Претходно Лајчак и Ескобар ја посетија Приштина. Во текот на вчерашниот ден разговараа со претставници на Српската листа, а претходно и со претседателот на самопрогласеното Косово, Вјоса Османи, како и со албанските опозициски партии.

Лајчак и Ескобар разговарале за ситуацијата на Косово и Метохија со премиерот на привремените институции на Приштина, Албин Курти.

Лајчак по разговорот со Курти изјави дека на Приштина и биле изнесени три барања – деескалација на ситуацијата на северот на Косово и Метохија, брзо одржување на нови избори и враќање на дијалогот.

Тој изјави дека со Курти не е постигнат договор за одржување на избори на северот на Република Косово.

Ескобар изјави дека Курти има два дена да одговори на барањата на ЕУ и САД.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author