30.06.2023 Скопје
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по повод Денот на американската независност изјави дека универзалните вредности и права, вткаени во Декларацијата за независност на САД, се токму она што им се ускрати на Србите на Косово и Метохија.
Вучиќ вчеравечер присуствуваше на прием во резиденцијата на американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, по повод американскиот национален празник Денот на независноста, 4 јули.
„Им честитав на Амбасадата на САД за Денот на независноста и укажав дека тоа е вистински повод сите да се потсетиме на универзалните вредности вткаени во Декларацијата за независност, кои се однесуваат на еднаквоста на сите луѓе и нивните неотуѓиви права на живот и слобода“, напиша Вучиќ во објавата на Инстаграм.
Вучиќ истакна дека овие права денес им се ускратени на Србите на Косово и Метохија и ја искористил оваа прилика „да побара од САД да се заложат со својот несомнен авторитет за да им се овозможи на нашиот народ на Косово и Метохија да живее достоинствен и мирен живот“.
„Србија останува посветена на мирот, како и на зајакнувањето на партнерството со САД, убедена дека нашиот стар, историски сојуз ќе добие нов замав во годините што доаѓаат“, нагласи Вучиќ.
Подготвено од А.Ѓ.