15.06.2023 Скопје
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во врска со настаните на Косово и Метохија изјави дека тие се на крстопат – дали ќе продолжат да имаат мир или не.
„Целата криза започнува во моментот кога некој ќе донесе одлука да оди на нелегитимни избори“, додава Вучиќ.
Тој додава дека намерата на Приштина е да го протера српското население од северот на Косово и Метохија.
„Има еден човек на Балканот кој сака да предизвика војна по секоја цена. Секогаш се трудев да ја барам можноста за компромиси со нас. Го преминавме Рубикон. Се плашам дека ќе биде многу тешко да се вратиме во нормално“, изјави Вучиќ, коментирајќи ги настаните за Косово и Метохија.
Вучиќ нагласи дека на претставниците на Квинта им покажал документи дека добил гаранции од НАТО дека луѓето на Косово и Метохија нема да бидат уапсени.
„Меѓународната заедница и Кејфор знаат дека уапсените немаат што да бараат во областа Тресава-Батњик, особено со долги цевки, имаме докази дека Кејфор не бил информиран за ова. Никој не дошол ни милиметар поблиску до административната линија. Припадниците на косовската полиција беа уапсени на 1,8 километар на наша територија, подготвени сме да ги обезбедиме сите докази, ние сме сериозна земја“, коментираше Вучиќ за апсењето на косовските полицајци.
Вучиќ ја коментираше и едностраната одлука на Приштина да врати камион со српска роба од Јариње.
„Нема да дозволиме народот на северот на Косово да гладува, ќе се бориме на секој можен начин, но сме доведени во ситуација да чекаат Србија да направи грешка за да воведе санкции на двете страни. а ние не сме виновни за ништо“, додаде Вучиќ.
Подготвено од А.Ѓ.