14.06.2023 Скопје
Апсењето на Милун Миленковиќ е провокација и злосторство на премиерот на приштинските институции Албин Курти, кој се обидува да предизвика војна во срцето на Европа, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.
Вучиќ ова го изјави во телефонски разговор со тројцата американски сенатори Крис Марфи, Џин Шахин и Пит Рикетс.
Единствена тема на разговор била ситуацијата на северот на Косово и Метохија, соопшти прес-службата на претседателот на Србија.
Вучиќ јасно и недвосмислено им порача на американските сенатори дека денешното апсење на Милун Миленковиќ е провокација и злосторство на премиерот на приштинските институции, Албин Курти, со што се обидува да предизвика војна во срцето на Европа.
Исто така, Вучиќ рече дека Србија прави се што може за да го зачува мирот, но дека српскиот народ на Косово и Метохија е изложен на најлошото мачење и прогон во последните петнаесет години.
Сенаторите Марфи, Шахин и Рикетс му порачаа на Вучиќ дека бараат воздржаност и повици за мир од Србија, бидејќи тоа е во најдобар интерес на сите во Западен Балкан, се наведува во соопштението.
Подготвено од А.Ѓ.