29.06.2023 Скопје
Српскиот претседател Александар Вучиќ вчеравечер изјави дека т.н Косовските полицајци трипати застанале и го пребарале автомобилот во кој бил неговиот син и истакнале дека тоа е нивна работа.
„Му честитам на Албин Курти за неговата храброст. Курти не е толку храбар кога е во мое друштво, но тој е кога испраќа други да се изживуваат врз туѓите деца. Само нека продолжи. Предавањето не е опција, некои би плашеле од тоа“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека еден ден ќе напише книга, дека добро се сеќава на сите работи, особено на оние поврзани со Косово и Метохија.
„Ќе биде интересно за луѓето“, рече тој и додаде дека паролата „предавањето не е опција“ е мотото за цел живот.
Српскиот претседател Вучиќ истакна дека албанските полицајци кај Подуево впериле пиштол кон неговиот син Данило, кој беше на Косово и Метохија на митингот во Грачаница по повод Видовдан, исто така албанските полицајци побарале од Данило да ја соблече маицата со натписот „Предавањето не е опција“ по секоја цена, но не успеале.
Нешто по полноќ, на својот Инстаграм профил Вучиќ напиша: „Дури сега дознав што се случило на Косово и Метохија“.
Претседателот на Србија објасни дека албанската полиција барала по секоја цена неговиот син да ја соблече маицата на која пишувало „Предавањето не е опција“, но Данило не се согласил и веднаш потоа му впериле пиштоли кон него и го прашале за татковото име, а тој одговорил: „Александар! Тоа е мојот татко и твојот претседател!“. Во меѓувреме, албанската полиција не успеала да го натера Данило да ја соблече маицата.
Вучиќ претходно синоќа изјави дека т.н Косовските полицајци трипати застанале и го пребарале автомобилот во кој бил неговиот син.
Подготвено од А.Ѓ.