22.06.2023 Скопје
Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти се повикани на итна средба во Брисел со цел да се најде излез од актуелната криза, соопшти високиот претставник на Европската унија, Жозеп Борел.
Српскиот претседател Вучиќ изјави дека денес заминува на средба во Брисел, но дека нема да разговара со косовскиот премиер Курти, туку само со високиот Европски претставник Борел.
Премиерот Курти претходно потврди дека денеска ќе отпатува за Брисел на средбата свикана од високиот претставник на ЕУ по зголемените тензии на северот на Косово.
Жозеп Борел истакна дека е потребна итна деескалација и нови избори на северот на Косово, со учество на припадниците на српската заедница, бидејќи тое е единственото важно кое е сега потребно за мир во регионот.
Подготвено од М.Н.