rumen radev nov mandat za vlada

05.06.2023 Скопје

Кандидатот за бугарски премиер на коалицијата „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ), академик Николај Денков, денеска на претседателот на Бугарија, Румен Радев му го врати мандатот за формирање на влада.

По враќањето на мандатот, академик Денков изјави дека е потребно во најкус можен рок да се направи нормален буџет, без овој апсурден дефицит и да се отслика моменталната состојба.

„Тоа што го очекуваме од вас како претседател на Бугарија е да донесете указ за нова влада, тој да се изгласа во Народното собрание, и доколку собереме мнозинство потоа непречено да ја пренесеме власта како што налага Уставот“, изјави Денков.

Претседателот Радев пак, изјави дека на Бугарија и требаат институции и политичари кои реално ќе раководат од бугарскиот народ, кои ќе работат за безбедноста, правдата и против корупцијата, како што очекуваат сите угледни бугарски граѓани, за да се ​​зајакне суверенитетот на државата и да се работи на продлабочување на европските интеграции.

Заедно со Денков во „Дондуков“ 2 дојдоа и копретседавачите на коалицијата Кирил Петков, Атанас Атанасов, Христо Иванов, и Владислав Панев.

Во претседателската институција не дојде Марија Габриел, која според договорот меѓу ПП-ДБ и ГЕРБ-СДС за девет месеци ќе треба да ја преземе премиерската функција.

Подготвено од М.Н.

About Author