15.06.2023 Скопје
Владата на Косово вчеравечер донесе одлука за забрана за влез на возила со српски регистарски таблички на Косово и Метохија, соопшти владиниот портпарол Перпарим Криезиу.
Криезиу изјави дека Владата по апсењето на тројца членови на т.н на косовската полиција од страна на српските власти, донесе одлука за зголемување на нивото на граничните контроли.
„Од безбедносни причини институциите одлучија да го зголемат нивото на гранични контроли.Затоа како итен чекор е одлучено да се забрани влез на возила со српски регистарски таблички во Косово, додека анализата на состојбата од страна на безбедносните институции продолжува. Следниве активности ќе бидат преземени врз основа на препорака на институциите за спроведување на законот“, објасни тој.
Потсетуваме дека набргу по едностраната одлука на Приштина за забрана за влез на стоки од централна Србија на територијата на Косово и Метохија, започна нејзината примена. Според Србите од Косово и Метохија, во 18 часот од административниот премин Јариње бил вратен шлепер со српска стока.
Подготвено од А.Ѓ.