poplavi srbija

14.06.2023 Скопје

Во Србија не престанува борбата со излеаните реки и потоци и проблемите кои ги носат пороите.

Во 32 града и општини е прогласена вонредна состојба.

Последиците од поплавите се отстрануваат, но се заканува нов бран излевања, бидејќи од утре се очекуваат обилни врнежи.

Од 26 мај до денеска евакуирани се 76 лица, а припадници на МВР на Србија имале околу 500 интервенции. Остануваат на штрек.

Големи штети имаше и во Свилајнец, а поради обилните врнежи и излевање на Моравица во Сокобања беше прогласена вонредна состојба каде под вода се градските улици и селските патишта.

Најлошо беше во населбата Чаир каде беа поплавени педесетина куќи.

На територијата на Крушевац под вода беа 55 објекти и 200 хектари обработлива површина, а во Коцељева веќе еден месец е во сила вонредна состојба.

Вода во подрумите на куќите и станбените згради, оштетени помошни објекти и мебел и во Чачанско.

Уништени се обработливи полиња, оранжерии и повеќе од 30 километри локални патишта.

Во сите интервенции ангажирани се 1.073 пожарникари-спасувачи со 30 возила со 525 пумпи и 35 членови на Специјалистичката екипа за спасување и работа на вода.

Од Министерството за внатрешни работи на Србија изјавија дека од понеделникот нема дополнителни евакуации. Тие наведуваат и дека од четврток се очекува нов бран врнежи што може да предизвика дополнителни проблеми, бидејќи земјиштето е натопено, а коритата се полни.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author