05.06.2023 Скопје
Приходите од туризмот на Тунис се зголемени за 57,7 отсто во првите пет месеци од 2023 година, во споредба со истиот период во 2022 година, достигнувајќи 1,7 милијарди динари (околу 513 милиони евра), стои во извештајот на податоци објавени од туниската централна банка.
Готовинскиот акумулиран приход од трудот се зголеми за 6 отсто и достигна 3,1 милијарди динари (937 милиони евра) на крајот на мај 2023 година, додека трошоците за надворешниот долг се намалија за 10 отсто до ниво од 3,2 милијарди динари (967 милиони евра) во споредба со 3,6 милијарди динари (1,08 милијарди евра), во истиот период од 2022 година.
За возврат, од 2 јуни, девизните резерви се намалени на 21,3 милијарди динари (6,4 милијарди евра), што е еднакво на 92 дена увоз.
Подготвено од М.Н.