https://www.flickr.com/photos/brusse/22833100099/in/photolist-AMFBaD-AoEoxE-2ibVnAH-2irBPTY-2iF7auB-2iDQMJt-2irjv59-2iEVC27-2iNvozS-2iNsDm8-2iNvowa-2iNaSoN-2iNvowA-2iMQTSj-AU4tHq-2irBc6Q-2irBcac-2iF7asY-2iDN2oL-2iKyKFr-2iKyKDC-2iFNc9K-2ieWtwe-2iNsDox-2iMuA5L-2iNsDq1-2iLzsin-2iLQvYy-2iGmyCt-2iLdP7z-2iFJ1dW-2iG2S3G-2iN86as-2iKAomQ-2irxpbL-2iKTZYZ-2iE8KhY-2iFnEQf-2iDQMBu-2iNaSnF-2iNvoye-2iNsDpV-2iN869W-2iN86aN-2iMQTGz-2iMVm7z-2iNcxUW-2iNcxSg-2iDaDWu-2iCN13R

05.06.2023 Скопје

Премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, го покани претседателот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, на заедничка средба која е закажана на 7 јуни во Клубот на пратеници во 11 часот.

Во соопштението од прес-службата на Владата стои дека, лидерот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, Мицковски инсистирал на тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски.

Од владината прес-служба информираат дека на средбата главна тема ќе бидат одлуките што треба да се донесат во Собранието во однос на евроинтеграциите на државата, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи.

Подготвено од М.Н.

About Author