kisela voda uniformi za osnovci

06.06.2023 Скопје

Од Општина Кисела Вода соопштија дека сите ученици од основните училишта новата учебна година ќе ја почнат со бесплатни нови униформи.

Од општината информираат дека се обезбедени средства во буџетот во висина од 5 милиони денари, кои ќе се потрошат на униформи, како дел од стратегијата за обезбедување еднакви можности за сите деца.

Во услови кога социјалните разлики се многу изразени, огромната разлика во финансиската моќ на родителите знае да биде извор на поделби, па дури и булинг, затоа Општина Кисела Вода излегува со мерка, која треба да овозможи намалување на нееднаквостите во основните училишта и обезбедување атмосфера, во која учениците ќе може целосно да се фокусираат на своето образование, без разлика на својот економски статус, стои во соопштението од Општината.

Продолжуваме и со мерката за обезбедување на бесплатни училишни ранци, тетратки и училиштен прибор за секое прваче. Првиот училишетн ден треба да биде радост, а не грижа за ученикот и за неговите родители.

Паралелно, Општина Кисела Вода го продолжува проектот и за бесплатни часови по странски јазици и спорт за социјално загрозените ученици, а за нив летово се организира и бесплатно летување на Охридското Езеро.

Сетот мерки за поддршка на Општина Кисела Вода ќе биде дополнет и со други поволности во текот на претстојните месеци, изјави градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Подготвено од М.Н.

About Author