24.06.2023 Скопје
Во градот Москва и во истоимениот регион на главниот град на Русија е прогласен „режим на антитерористички операции“.
Ова го соопшти рускиот национален комитет за борба против тероризмот, со цел да се спречат можни напади. Овој режим е воспоставен и во регионот Воронеж на границата со Украина, се вели во соопштението на Комитетот, а пренесуваат руските медиуми.
Оваа мерка ги зајакнува овластувањата на безбедносните служби и им овозможува да го ограничат движењето на луѓето.
Мерката следи по вооружениот бунт што вчера го најави лидерот на паравоената група Вагнер, Евгениј Пригожин. Откако ги обвини руските власти дека лажат за тековниот конфликт во Украина, Пригожин го повика населението да се побуни против властите и утринава објави дека ја презел контролата врз воените локации во Ростов на Дон.
Подготвено од М.Н.