kriptovaluti nelegalno proizvodstvo

23.06.2023 Скопје

Јавното обвинителство на Либија објави апсење на 50 лица од кинеска националност, обвинети дека „произведувале“ криптовалути во фабрика за железо во Злитен.

Ова го соопшти обвинителството, прецизирајќи дека операцијата се одвивала како дел од процедурите за истражување на „рударските“ активности на криптовалутите, особено на „Биткоин“, по откривањето на неколку локации посветени на него во Мисрата и во Триполи.

Во текот на вчерашниот ден се уапсени десет кинески државјани, кај кои беа пронајдени компјутери кои се користат за „производство“ виртуелни монети преку сложени криптографски операции, соопшти обвинителството во Либија.

Подготвено од М.Н.

About Author