izrael protesti

05.06.2023 Скопје

Во Израел во саботата вечер беа организирани нови протести против реформите на судскиот систем во Израел, кои беа поттикнати и од полициските барикади кои што се случија во петокот пред приватниот дом на премиерот Бенјамин Нетанјаху во Цезареја.

Според извештаите на локалните медиуми во Израел, меѓу 95.000 и 140.000 луѓе присуствувале на главните демонстрации на улицата Каплан во Тел Авив, заедно со илјадници други на околу 150 локации низ целата земја, како дел од 22-та недела од протестите против планот на владата да го измени судството кое е привремено суспендирано месец март годинава.

Подготвено од М.Н.

About Author