italija nacionalen den na republikata

02.06.2023 Скопје

Традиционалната парада по повод Денот на Републиката се одржа во Виа деи Фори Империјали во Рим, каде присуствуваше претседателот на Италија, Серџо Матарела, и највисоките државни функционери.

Сопранистката Елеонора Бурато ја отпеа италијанската химна во придружба на Банда Интерфорце. Оваа година, на стогодишнината од уставот, со воени возила продефилираат и претставници на Групата златни медали за воена храброст и Институтот „Настро Азуро“.

По повод Денот на Републиката се оддржа и парада каде, меѓу другото, имаше присуство на знамињата на вооружените сили, транспаренти од италијанските региони, провинции и општини, транспаренти на борбените и вооружените здруженија и знамињата на ОН, НАТО, ЕУ и оние на мултинационалните организации во кои дејствуваат вооружените сили.

Парадата беше структурирана во 10 сектори во кои учествуваат сите компоненти на државата, воен и цивилен персонал, вооружени и невооружени органи на државата, знамиња и транспаренти, воени бендови и фанфари.

Покрај прелетот на националниот аеробатски тим, имаше и надлетување на хеликоптери, авиони но и минување на тешки воени возила.

Спектакуларно слетување на падобранци ја затвори прославата на Денот на Републиката во Рим. Во присуство на претседателот на државата, Серџо Матарела и премиерката Џорџија Мелони, падобраните испуштија три бои во знакот на националното знаме на Италија.

Денот на Републиката е италијански национален ден и се слави секоја година на 2 јуни каде главната прослава секогаш се оддржува во Рим.

Подготвено од М.Н.

About Author