https://www.flickr.com/photos/cementley/34640312584/in/photolist-2UBENz-UM3E5G-Vp6wP4-bbv8HP-Vz4mLg-VvvsgN-UktYDv-Uku59i-Vnuk6k-Vz487n-ieSU9R-VvvvLo-2mfz92W-VvvkpG-5UP3Vv-249cmy1-EFmkNH-wLqvo-Gncwsn-5rAsPR-23gqqnu-7KfKut-5mtees-2cPoGZZ-VkRRt5-SniGgy-oKYPMb-EPsHU9-VjsCm5-dbRMLH-Sj1qUw-5vtfZz-GvRkin-5DS921-UYTrow-2kQuapa-2kQuaoJ-9mMxVF-2avopL7-4N9Qk-gMpye7-8yAMjL-Gxae6P-nzyUx9-o7GvUv-SE6tY9-9nAJKp-3dv8aD-o5C6MF-74dvkW

30.06.2023 Скопје

Црногорскиот министер за економски развој и туризам Горан Ѓуровиќ соопшти дека во моментов во Црна Гора престојуваат 88.833 гости, што е за 7,98 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година и на ниво од 2019 година.

Ѓуровиќ прецизира дека 54.593 гости престојуваат во приватно сместување, 33.203 во хотели, а 1.037 туристи во одморалишта и кампови.

„Најмногу гости има во Будва 29.030, потоа Херцег Нови 18.664, Бар 12.688 и Улцињ 12.371“, изјави Ѓуровиќ.

Според него, во приватно сместување престојуваат 54.593 гости, додека во истиот период лани имало 50.716.

„Најмногу има во Будва 14.611, потоа Херцег Нови 12.124, потоа Бар со 8.254, Улцињ 8.083, Котор 5.293 и Тиват 5.137“, рече Ѓуровиќ.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author