japonija kontraceptivi prodazba bez recept

27.06.2023 Скопје

Владата на Јапонија има намера да одобри продажба без рецепт на итни контрацептиви во аптеките во земјата кои имаат специјализиран персонал, приватни простории и кои работат деноноќно.

Комисија од Министерството за здравство лани во март даде поволно мислење, со што се отворија вратите за продажба на овој вид контрацепција без рецепт, како што е веќе случај во околу 90 други земји во светот.

До денес, Јапонките вклучително и жртвите на сексуално насилство можеа да пристапат до итни контрацептиви само со добивање на рецепт од одредени болници или клиники. Јапонија веќе разговараше за ова прашање во 2017 година, но иницијативата беше откажана од владата во тоа време, поради стравувањата дека продажбата на контрацептивни средства како лекови без рецепт може да доведе до нивна неодговорна употреба, што ќе придонесе меѓу другото и за проблемот со наталитетот во земјата.

Подготвено од М.Н.

About Author