09.06.2023 Скопје
Обединетото Кралство може да го смени Брегзит и повторно да се приклучи на Европската унија во секое време.
Ова го изјави поранешниот преговарач за Брегзит, Мишел Барние, кој прецизираше дека Обединетото Кралство „точно“ знае кои се условите за повторно влегување во ЕУ и дека вратата секогаш е отворена.
Барние исто така, го критикуваше начинот на кој поранешниот премиер Борис Џонсон се справуваше со разговорите со Брисел, обвинувајќи го дека создал „две изгубени години“ кога станува збор за односите меѓу ЕУ и Обединетото Кралство, поради тоа што ги вовлекол во правна битка за протоколот за Северна Ирска.
Сепак и покрај таа ситуација, преговарачот Барние додаде дека „вратата на ЕУ е секогаш отворена“ и дека доколку Обединетото Кралство донесе одлука веднаш ќе може повторно да се вклучи кон европското семејство.
Подготвено од М.Н.