14.06.2023 Скопје
Амбасадорот на Русија во САД, Анатолиј Антонов, изјави дека новиот пакет американска воена помош за Украина во вредност од 325 милиони долари го турка Вашингтон подлабоко во бездната на конфликтот.
Новиот пакет американска воена помош, кој вклучува муниција за системи за противвоздушна одбрана, муниција и возила, доаѓа додека Украина ја обликува својата долгоочекувана контраофанзива.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја поздрави новата американска помош, и истакна дека тоа е она што им е потребно на украинските одбранбени сили за ефикасна помош во ослободувањето на териториите привремено окупирани од рускиот агресор.
Соединетите Американски Држави, Европската унија и другите држави сојузници на Украина, му испратија на Киев воена помош во вредност од милијарди долари од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.
Подготвено од М.Н.