https://www.flickr.com/photos/chrisstringfellow/50894265376/in/photolist-2kxmpY5-2kMb4zs-2kMb4Bm-2kMfdjx-2kbK2DX-2mXMxA8-2kQLnrW-2kMfdno-2kMfdrm-2kMfdmM-2kMb4K7-2kMfdoa-2kHfWZF-9m1AHR-2ns7616-98Bhqk-iZo61L-2kF9T79-2kHgv6a-dSKPSA-2kHckWs-Q9ifTV-7oEArY-9tXJ5u-6v3i9S-emgrgE-e5CjpK-2m6qP4h-7aazUq-AZ7UhP-rmjMU2-hareQi-4Q8CBp-7ZeALq-sfQoJA-2mjELwM-s8YcmX-7BtFCw-rYNwkP-9XzREX-2kG8Gg4-mU8nF-2kGcS7N-98Erwu-hwS1p5-2kG8Gxb-2ayLsGH-2kGchtK-2kMfdia-xxoHRC

21.06.2023 Скопје

УНИЦЕФ испорача 156.960 дози инактивирани вакцини против детска парализа (ИПВ) за поддршка на националната програма за вакцинација на Украина за заштита на децата во земјата од смртоносната болест. Поради војната и масовното раселување на населението, луѓето пропуштаат рутински вакцини и можеби немаат редовен пристап до медицинска нега, и затоа е клучно враќањето на секоја изгубена вакцина, изјави Мурат Сахин, претставник на УНИЦЕФ во Украина.

Заклучно со април оваа година, УНИЦЕФ испорача 543.000 дози орална полио вакцина и 110.160 дози инактивирана полио вакцина за заштита на украинските деца. Заедно со партнерите, УНИЦЕФ ќе продолжи да ја поддржува Украина да ги вакцинира децата против детска парализа и други болести кои можат да се спречат.

Во 2022 година, за поддршка на вакцинацијата во Украина, УНИЦЕФ обезбеди повеќе од 2 милиони дози вакцини (вакцина против детска парализа, орална полио вакцина, хепатитис Б, тетанус-дифтерија, дифтерија-тетанус, мали сипаници-заушки-рубеола, BCG за туберкулоза, пентавалентна вакцина, беснило) на барање на Министерството за здравство и Националната здравствена служба.

Повеќе од 650.000 дози вакцина против детска парализа и 35.200 дози комбинирана вакцина против мали сипаници, заушки и рубеола се веќе испорачани во 2023 година.

Покрај тоа, УНИЦЕФ го зајакна ладниот ланец на сите нивоа, од национални и регионални складишта до места за вакцинација, кој е дел од иницијативата Covax. Исто така обезбеди 26 замрзнувачи кои ќе бидат инсталирани на национално ниво и регионално за зајакнување на синџирот на вакцинација. Речиси 5.200 фрижидери и замрзнувачи за вакцини се купени со средства од Светска банка и кои се инсталирани да го поддржат безбедното складирање на вакцините на местата за вакцинација.

Со сопствени средства и средства од УСАИД, исто така набавени се 36 комбиња-ладилници за транспорт на вакцини од националните региони до пунктовите за вакцинација, дополнително, контејнери за вакцини и ладилни кутии за складирање и транспорт на вакцини беа дистрибуирани низ Украина за повеќе од 2.500 места за вакцинација и 800 мобилни тимови.

Подготвено од М.Н.

About Author