uchilnica

14.06.2023 Скопје

Училиштата не смеат да бидат места каде се случува каква било форма на насилство, порачаа УНИЦЕФ и УНЕСКО по денешното пукање во основното училиште во Лукавац.

„Училиштата треба да бидат места на надеж, оптимизам, места каде што се подготвуваме да создадеме подобар свет“, нагласуваат овие две организации на ОН.

УНИЦЕФ и УНЕСКО апелираа до медиумите и членовите на заедницата, особено онлајн заедниците, да се воздржат од шпекулации за мотивите, објавување и споделување слики или видеа од овој инцидент и учесниците во инцидентот, бидејќи сето тоа може да има негативни последици за децата и нивните семејства..

На властите во БиХ, УНИЦЕФ и УНЕСКО им понудија помош за да им овозможат на училиштата да бидат места каде децата се безбедни и поддржани.

Изразувајќи длабока загриженост за пукањето во училиштето во Лукавац, УНИЦЕФ и УНЕСКО наведуваат дека нивните мисли се со семејствата и пријателите на повредените во овој напад, како и на оние кои ја доживеале траумата предизвикана од овој инцидент.

Осомничениот, кој се уште нема 14 години, утрово со огнено оружје ранил наставник во училиште во Лукавац.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author