murinjo roma

03.06.2023 Скопје

Дисциплинската комисија на Европската фудбалска унија (УЕФА) покрена постапка против тренерот на Рома, Жозе Мурињо, поради неговите критики кон англискиот судија Ентони Тејлор по финалниот натпревар од Лигата на Европа во кој неговиот клуб беше поразен од Севиља на пенали.

Мурињо го навредуваше и пцуеше Тејлор за време на натпреварот, а по мечот го чекаше на паркингот каде повеќе го навредуваше.

Откако Мурињо го навредуваше судијата, тоа го направија и навивачите на Рома кои го нападнаа Англичанецот на аеродромот во Будимпешта, па мораше да реагира и полицијата.

УЕФА на својата официјална веб-страница додаде дека покренала постапка против двата клуба поради инциденти пред, за време и по финалето на Лига Европа.

Против Рома беа покренати постапки за фрлање предмети на теренот, палење и неред на трибините.

Севиља ќе треба да одговара за инвазијата на навивачите на теренот, фрлањето предмети на теренот, факелот, како и недоличното однесување на играчите.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author