https://www.flickr.com/photos/ramon_david/29975075376/in/photolist-MEN6Aq-84Bz65-7X9Uen-7XsSM1-aD1Gk2

22.06.2023 Скопје

Дисциплинската комисија на Европската фудбалска унија (УЕФА) го казни тренерот на Рома, Жозе Мурињо со четири натпревари забрана за водење на тимот во Европа следната сезона поради инцидентите кои ги направи во финалето на Лига Европа.

За време и по натпреварот Мурињо го навредуваше и пцуеше англискиот судија Ентони Тејлор, а потоа во изјави за медиумите крајно лошо зборуваше за судијата на финалниот натпревар во кој Рома загуби од Севиља по пенал.

УЕФА драконски го казни Португалецот бидејќи ова не е првпат да прави вакви инциденти.

Поради инцидентите кои навивачите на римскиот клуб ги направија пред, за време и по натпреварот, Рома е казнета со 55.000 евра, забрана за продажба на билети за едно европско гостување, како и да ја надомести целосната штета на Пушкаш Арената. стадионот во Будимпешта, каде се одигра финалниот натпревар од Лига Европа.

Рома и следната сезона ќе игра во групната фаза од Лигата на Европа.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author