https://www.facebook.com/photo/?fbid=643622387128902&set=bc.AboeaM5Gq7e6Hfxwn30FeW7PMqC8f-Ku9E_VacDPErusCHnKmLWon0ufuP8MWu1UTnUIqIsZHjl9yvUPmnB7jKSfqnzHij2Ilx-i7pxQbhy6UgM9WFl_jzSHxUDJAL6VbR9CbKS4BcBqHW7zJVsIRZHx&opaqueCursor=AboAgI9PxiKMPQXxymAuA-Ezv02727jhDuq1OdoDA4B9Rg_mxNd-bc6mtHt0V9eOvcJ_LfkR-95XSPiBDgpvinCM02rESF5laA4623WppZwT3L_vG6S6JyUD3Vm1DfhWwT5WL-Wqe9L7-nyfpCE01sFOU7BKhBXtcmesFDQUMTiQdgTL_O5LWOL4PkFmcb1r9F-OQkMvdmQKDljlLuZREwoaJBmA_dX5HwMTHzO1MoTqwOOmK4QUnAdaz8WjSpMZQ0tOhz47SewypSirQluA79dWtt9VzJ39v6-BXOqsrmMIKOkgIQi3qALA7mRHdRkmREM6vzDoClq5fKq3jUGoCC06c53VIvKIPeE9iDOxnJqeRsAihvTytJNI8-H5fUQWn8xmFLF54vWLg43HN9_z5uFRxGkPXqBsULLoNI41hrvlHbtJQppwJO0-8G-5lJlwTfMDO8-nEFESigUsrLngLKPTpqwALx3XJgRktCyw9SOZCeRtrUhAVErNd7VF9hruTwwxwTydrTzyRpmsl8lhq7vNmSfG19uBXqMXPnjVrX3f2o5ShrmWv7s2y2_bMviBZNX5Fuhn21EPVweUPV2czLU-uKKYxsJSurnf8E3shHC6nTSbUvMQPbfO5Wrq1MqXu7w

03.06.2023 Скопје

Сопственикот на Твитер, Илон Маск, ги потврди плановите и шпекулациите дека популарната социјална мрежа ќе го смени името.

Под објавата на „Дејли њуз“ на Твитер, во коментар на веста дека буквата „Х“ може да го замени сегашното име на социјалната мрежа, како и логото на сината птица, тој кратко напиша: „Вистина“.

Маск претходно навести дека Твитер во иднина би можел да го промени брендот и името.

Дополнително, тој посочи дека новата платформа „Х“ ќе има многу поголем избор при објавување содржини со подолг формат, видеа, пораки, како и други функции и услуги.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author