erdogan stoltenberg sredba

05.06.2023 Скопје

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на прес-конференција во Истанбул, на маргините на разговорот со Ердоган, изјави дека со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, одлучиле координативен механизам за проширување на НАТО со Шведска, и донеле одлука за двете земји да остварат средба кон средината на месец јуни.

„Турција има легитимна загриженост за безбедноста, а Шведска презеде значителни чекори за решавање на загриженоста на Анкара, вклучително и измена на уставот“, изјави Столтенберг.

Во јуни 2022 година, Турција, Финска и Шведска потпишаа меморандум за разбирање за создавање механизам што ќе го олесни пристапувањето на двете скандинавски земји во Атлантската алијанса. Сепак, минатиот јануари, по протестите во Шведска за време на кои беше запалена копија од Куранот, Анкара ги прекина пристапните преговори на Стокхолм на неодредено време.

Генералниот секретар на НАТО исто така ги осуди неиспровоцираните напади врз војниците на КФОР што се случија на 29 мај во Косово, и додаде дека КФОР и НАТО ќе ги преземат сите неопходни активности за одржување на безбедна средина за сите граѓани на Косово и ќе продолжат да дејствуваат непристрасно според мандатот на ОН.

Приштина и Белград мора да преземат конкретни чекори за деескалација на ситуацијата и да се воздржат од понатамошно неодговорно однесување. Тие мора да се вклучат во дијалог (овозможен од ЕУ), кој е единствениот начин за мирно и долгорочно политичко решение, додаде Столтенберг.

Подготвено од М.Н.

About Author