kina tientsin puknatini na pat evakuacija

09.06.2023 Скопје

Илјадници луѓе се евакуирани од облакодерите на метрополата Тијанџин, во северна Кина, откако одроните во последните денови отворија големи пукнатини на главните патишта.

Пукнатините главно се отворени на улиците околу станбениот комплекс во областа Џинан, а најверојатно биле предизвикани од некои подземни шуплини, соопшти денеска администрацијата на Тијанџин.

Не е исклучено и пукнатините да се предизвикани од дупчење на геотермални бунари во таа област.

Од 3 јуни, приближно 3.899 луѓе биле евакуирани од најкритичниот регион, и се сместени во облакодери кои се наоѓаат на безбедна локација.

Поради настанатата ситуација кинеската влада одржа серија состаноци на високо ниво за геологија и одговор при катастрофи.

Подготвено од М.Н.

About Author