14.06.2023 Скопје
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се изјасни за невин по обвиненијата донесени од Министерството за правда како дел од истрагата за доверливи документи пронајдени минатото лето во неговата приватна резиденција во Мар-а-лаго, на Флорида.
Трамп пристигна во судот во Мајами околу пладне, откако против него минатата недела беа поднесени 37 точки од обвинението за лажно сведочење, попречување на правдата и кршење на федералните закони за антишпионажа.
За време на рочиштето, неговиот адвокат Тод Бланш истакна дека поранешниот претседател „дефинитивно се изјаснува за невин“. Трамп беше приведен од службениците за спроведување на законот по неговото пристигнување во судот, кои му земаа отпечатоци од прсти, но не направија снимки.
Подготвено од М.Н.