https://www.flickr.com/photos/80038275@N00/29741491182/in/photolist-Mj9V9J-Mj9Udq-QDg19E-W2qwhY-Rjaeqo-2g2VLXS-Rgfcri-CTAWey-2ggvjdQ-2k3FQxw-REMvuM-N6vomm-QQ7gpJ-N6vouC-QQ7gyS-2ggv7Q2-RkZzjS-2kaFmZR-QtdsTC-2biTaDo-2cYLTpi-R8swU7-2ksGY9V-2d8g2vD-2cSN5A1-2ksM4s6-2ew2ByX-XFNqQW-2auWoSw-Mj9TcY-2cgGJvy-2cafboA-2aaDzD3-2bZ4Kor-2dqMN56-R8LPAC-2bnhqLg-2ePzzBz-NQvjVD-2ew2BJr-2eJXAGC-PvmxBz-2a6WT1D-2ePzvki-2ePzv2H-2cSN5Y5-2ePzvai-RaW8Mh-2cSN65h-24Cog6M

13.06.2023 Скопје

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп пристигна во Мајами, каде што треба да се појави пред федералниот суд денеска во 15:00 часот по локално време, на почетокот на неговото судење по кривичната пријава за незаконско чување доверливи документи.

Трамп изјави дека е невин и дека ќе ја продолжи својата кампања за претседателските избори во 2024 година.

„Се надевам дека целата земја гледа што ѝ прави радикалната левица на Америка“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Вистина“, пред да полета за Флорида со приватен авион на кој е испишано неговото презиме.

Поранешниот американски претседател, кој во средата наполни 77 години, го напушти голф-клубот во Бедминстер, Њу Џерси со возило под придружба до аеродромот во Њуарк, каде го чекаше неговиот авион за Мајами.

Неговите поддржувачи чекаа пред голф-клубот во Мајами во сопственост на Трамп, бидејќи тој ќе преноќи таму.

81 отсто од републиканците веруваат дека обвинувањата против Трамп се политички мотивирани.

Анкетата покажува и дека Трамп се уште води во партиската трка за претседателска номинација.

Трамп вети дека ќе ја продолжи својата претседателска кандидатура, дури и ако биде осуден.

Обвинението, објавено во петокот, го товари Трамп за 37 кривични дела поврзани со чување на доверливи документи на неговиот имот Мар-а-Лаго на Флорида.

Обвинението го товари Трамп за загрозување на националната безбедност, а обвиненијата за Законот за шпионажа носат значителни затворски казни.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author