https://www.facebook.com/PresidentDonaldJTrump2017/photos/3414279438794150

28.06.2023 Скопје

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп поднесе тужба за клевета против Е.Џин Керол. Тој тврдеше дека таа лажно го обвинила за силување, иако поротата во граѓанско судење потврди дека Трамп сексуално ја нападнал Керол.

Тужбата на Трамп против поранешниот колумнист на магазинот „Ел“, поднесена во вторникот пред федералниот суд на Менхетен, доаѓа по необичниот заклучок на поротата во мај годинава, во кој се наведува дека Трамп сексуално ја злоставувал и експлоатирал Керол, но не ја силувал.

Трамп бара повлекување на тужбата, како и неодредена компензација и казнена отштета, но адвокатката на Керол, Роберта Каплан, рече дека тужбата на Трамп не е „ништо повеќе од неговиот последен обид да ја избегне одговорноста“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author