09.06.2023 Скопје
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп побара ново судење во граѓанската тужба што против него ја покрена писателката Елизабет Џин Керол, во која Трамп беше прогласен за виновен за сексуална злоупотреба и клевета и беше наредено да и плати отштета од пет милиони долари.
Адвокатите на Трамп пред федералниот суд во Менхетен изјавија дека делот од обесштетувањето од два милиони долари поврзан со сексуална злоупотреба е „прекумерен“ бидејќи поротата утврдила дека Керол не била силувана и дека однесувањето на поранешниот претседател не предизвикало никаква повреда.
Тие додадоа дека наградата за клевета од 2,7 милиони долари е „заснована на чиста шпекулација“.
Во тужбата поднесена од писателката во 2022 година, се наведува дека Трамп ја силувал во соблекувалната на стоковната куќа „Бергдорф Гудман“ во Њујорк во средината на 1990-тите.
Трамп, од друга страна, ги отфрли нејзините наводи како „лажни“.
Подготвено од А.Ѓ.