29.06.2023 Скопје
Џејмс Медисон е првото летно засилување за тимот од „Вајт Харт Лејн“, Тотенхем официјално го потврди трансверот на Медисон.
Медисон треба да биде само првото во низата засилувања кои навивачите ги очекуваат по очајната сезона на клубот, каде Тотенхем заврши на осмата позиција во Премиер лигата и не се избори за настап во ниту едно европско натпреварување.
Лондонскиот клуб плати сума од 40 милиони фунти за да го ангажира од редовите на Лестер кој сезонава испадна од Премиер лигата. Договорот кој го потпиша Медисон е со важност од пет години и вреден 170.000 фунти неделно.
Подготвено од М.Н.