indija

19.06.2023 Скопје

Во изминатите неколку дена во двете најнаселени индиски држави Утар Прадеш и Бихар, најмалку 96 лица настрадаа за време на бранот со високи температури.

Властите на овие две земји го предупредија населението над 60 години и со здравствени проблеми да не излегува надвор во текот на денот.

54 лица настрадаа во областа Бали во Утар Прадеш. Властите соопштија дека сите се постари од 60 години и се во лоша здравствена состојба.

Медицински службеник од областа Бали изјави дека во изминатите три дена во болницата биле примени околу 300 пациенти чија здравствена состојба се влошила поради големите горештини.

На подрачјето на Бали денеска е измерена највисоката температура од 43 Целзиусови степени, што ја надмина просечната за пет степени.

На истокот од државата Бихар високите температури зафатија поголем дел од територијата и доведоа до 42 смртни случаи во изминатите два дена.

Најмногу смртни случаи има во главниот град Патна, каде температурата на воздухот е измерена на 44,7 степени Целзиусови.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author