brisel tenzii123

30.06.2023 Скопје

Вчеравечер избувнаа немири во Брисел. Белгиската полиција изврши рација. За време на рацијата, полицијата барала сомнителни млади луѓе и им ги побарала факелите.

Повеќето од приведените се ослободени по проверка на документите.

За време на немирите беа запалени неколку автомобили, а како што изјави портпаролката на полицијата Илсе Ван Де Кеир, во текот на денот на социјалните мрежи кружеа повици да се излезе на улица „како во Франција“.

Метро станицата Анисен е затворена поради граѓански немири поврзани со полициското убиство на 17-годишник во Франција.

Противпожарната бригада во Брисел ја опиша ситуацијата како „екстремно напната“.

Во Брисел моментално се одржува дводневен самит на шефови на држави и влади на ЕУ посветен на ситуацијата во Украина и миграциските прашања.

Во Франција избувнаа нереди откако полицијата уби седумнаесетгодишен тинејџер во Нантер, предградие на Париз.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author