24.06.2023 Скопје
Кризата што ја отвори основачот на паравоената група Вагнер, Евгениј Пригожин, е „најзначајниот предизвик за руската држава“ во поновата историја, објавија тајните служби на Обединетото Кралство во дневното ажурирање објавено од Министерството за одбрана на Лондон.
„Во раните утрински часови на 24 јуни 2023 година, конфронтацијата меѓу Вагнер групата и руското Министерство за одбрана ескалира во директна воена конфронтација“, се вели во соопштението. Пригожин изврши операција која ја опиша како „марш на слободата“.
Во Ростов на Дон, Вагнер речиси сигурно ги окупирал клучните безбедносни места, вклучително и штабот на руските воени операции во Украина, повеќе единици на паравоената чета се движат на север низ регионот Воронеж, речиси сигурно со намера да стигнат до Москва, стои во соопштението на британските разузнавачи.
Во следните часови, лојалноста на руските сили, особено на Националната гарда, ќе биде клучна за тоа како ќе се одвива кризата. Ова е најзначајниот предизвик за руската држава во последно време, соопшти Министерството за одбрана на Лондон.
Подготвено од М.Н.